Меси ја отвори душата за односот со Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси му е соиграч на Килијан Мбапе во ПСЖ, меѓутоа тие беа и големи ривали во финалето на Светското првенство (СП) во Катар, каде што Аргентина славеше по изведување на пенали против Франција.

На интернет се појавија видеа од нетрпеливоста меѓу Меси и Мбапе, по што сите очекуваа тензиите да се префрлат и во соблекувалната во Париз, но тоа не се случи.

„Ние зборувавме за натпреварот и прославата на луѓето во Аргентина. И ништо повеќе од тоа, но ние сме во добри односи. Тоа што се случи на Мундијалот не влијае врз нашиот однос во Париз“, кажа Меси.