Меси ја провоцираше управата на Барселона славејќи го голот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона го совлада Вилјареал во третото коло од Ла Лигата со сигурни 4-0.

Фати погоди два пати, Меси еднаш, а Торес си постигна автогол.

Лионел Меси беше стрелец од 11 метри, а голот го постигна како поранешен соиграч на Луис Суарез.

Аргентинецот не се согласи со одлуката на Управниот одбор за заминувањето на Суарез, а сега тоа го потврди.

Неодамна емотивно се прости од него, но и тогаш ги критикуваше челниците на клубот.

“Ќе биде многу тешко да не поминувам време секој ден со тебе, надвор и на од теренот. Ќе ми недостасува тоа време, многу. Имаше многу години, многу соиграчи, многу вечери … Многу работи што нема да можеме да ги заборавиме. Ќе биде чудно да те видиме и во друг дрес, а уште почудно е да играме против тебе “, напиша Меси тогаш и продолжи:

“Заслужи да заминеш поради тоа што си – како еден од најголемите фудбалери во клупската историја – кои правеше важни работи за тимот, но исто така и индивидуално. Не заслужи да те исфрлат од начинот на кој тие направија. Вистината е дека во овој момент , повеќе не сум ни изненаден од нивните постапки. Ти посакувам сè најдобро во иднина. Те сакам и ќе се видиме наскоро. ”