Меси каков не сме го виделе: Почна да му вика на Мина – ајде, танцувај сега да те видам! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинската ѕвезда Лионел Меси заедно со неговите другари од репрезентацијата триумфираа против Колумбија со 3-2 на пенали и се пласираа во финале на Копа Америка.

Меси во мечот имаше проблеми со ривалите, кои буквално го тепаа по теренот, а настрада и неговиот зглоб при еден остар старт.

Меси навикна на острите стартови на противниците, па потоа од пенал постигна гол и при пенал-серијата имаше жестока реакција кон дефанзивецот Јери Мина од Колумбија.

Мина секогаш слави со танцување по постигнување на гол, а Меси реши да го искористи тоа и да го провоцира откако дефанзивецот промаши пенали.

„Ајде тацувај сега да те видам“, викаше Меси кон Мина.