Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерик Абидал најверојатно ќе биде отпуштен во Барселона.
Техничкиот директор на клубот јавно ги повика sвездите на Барселона, предводени од Лионел Меси и ги обвини за непослушност и за „минирање“ на поранешниот тренер Ернест Валверде.
Ова исто така доведе до реакција кај капитенот Лионел Меси, кој застана во одбана на своите соиграчи, при што Абидал заврши со нов разговор со првиот човек на клубот, Жозеп Бартомеу.
Шпанските медиуми тврдат дека Абидал би можел денес да биде отпуштен заради неговите постапки. Никој во Барселона не е задоволен од неговиот настап и скоро е сигурно дека тој ќе го напушти клубот.
Одлуката за разрешување на Абидал се очекува да биде донесена денес, а клубот барем ќе се обиде да ги смири Лионел Меси и тимот.