Меси ќе се пресели во МЛС, па оди на позајмица во Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси е главна тема во светските медиуми затоа што неговиот договор завршува за неколку дена со ПСЖ и потоа се очекува да ја напушти екипата.

Барселона веќе некое време се обидува да го добие неговиот потпис, а шпанските медиуми пишуваат дека каталонскиот гигант направил договор со Интер Мајами на Дејвид Бекам.

Планот е американскиот тим да потпише договор со Аргентинецот, а потоа да го испрати на позајмица во Барселона.

Меси така би се вратил во Каталонија, каде што ќе игра одреден период, по што ќе се врати во Интер Мајами за да ја заврши кариерата.