Меси: Мундијалот во Катар ќе биде последен во мојата кариера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси планира да се повлече од репрезентацијата по Мундијалот во Катар, кој ќе биде последен во неговата кариера и ќе се обиде да го освои за првпат.

Меси има 35 години и смета дека не би можел да настапи за Аргентина и во 2026 година на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

„Овој Мундијал ќе биде последен во мојата кариера. Тоа е сигурно затоа што одлуката е веќе донесена“, кажа Меси во интервју со новинарот Поло Вињоло.

Ѕвездата на ПСЖ ќе го има последниот обид да стигне до трофеј на СП, откако претходно не успеа во 2014 година, кога играше финале против Германија.