Меси не даде гол против „дедото“, ама затоа Алба со „проектил“ ја скина мрежата (Видео)


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Лионел Меси имаше голем број шанси против Атланта, но не можеше да го матира 40-годишниот голман на ривалот, меѓутоа за радост на Интер Мајами стрелаа Луис Суарез и Жорди Алба.

Интер Мајами продолжи со одличните настапи оваа сезона, па така Суарез уште во втората минута погоди за 1-0, а Атланта потоа израмни до крајот на полувремето.

Меси имаше свои шанси, но никако не успеа да го матира голманот, по што стигна „бомбата“ на Жорди Алба во 60. минута.