„Меси не е решение на проблемите кои ги има ПСЖ со години“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ минатата недела го ангажираше Лионел Меси, кој остана без договор со Барселона и имаше намера да остане во каталонскиот клуб, но тоа не се случи.

Поради финансиски проблеми Барселона не успеа да му понуди нов договор на Меси, а Аргентинецот реши по првпат во кариерата да го промени клубот.

Меси цела досегашна кариера ја мина во Барселона со која ги освои сите можни титули, а тој прифати понуда од ПСЖ за двегодишен договор.

„Меси не е одговор на проблемот кој го има ПСЖ. Играв со него во одлична екипа, но луѓето забораваат дека тогаш немавме многу голови. Екипите кои не примаат многу голови не се далеку од титулата, па и од Лигата на шампиони. Кога имате вонземјанин во тимот е полесно, но ПСЖ и понатаму го има тој проблем“, вели Анри.