Меси номиниран за дебитант на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси в понеделник се очекува да ја добие „Златната топка“ по осми пат во кариерата, а во меѓувреме би можел да освои уште една награда.

Меси е номиниран за „дебитант на сезоната“ во американската МЛС-лига, каде што во моментов се игра плејофот и наградите ќе бидат доделени по завршување на турнирот.

Ѕвездата на Интер Мајами, сепак, не е фаворит за титулата бидејќи пред него се Гркот Јоргос Јакумакис од Атланта јунајтед и Германецот Едуард Левен од Сент Луис.

За МВП на лигата се номинирани Лусијано Акоста од Синсинати, Тијаго Алмада од Атланта јунајтед и Денис Буанга од Лос Анџелес ФЦ.