Меси – Пет понуди, се знае кој е фаворит, што е планот Б на Барса!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работите се одвиваат брзо, Аргентинецот веројатно е сериозен во намерата.

После големите проблеми во Барселона, расправијата помеѓу Меси и Абидал, се е поизвесно дека Аргентинецот ќе ја искористи клаузулата и ќе го напушти „Камп Ноу“.

Меси има право во јуни да си оди, а дури пет клубови се интересираат за него, договорот со данок би бил околу 80 милиони евра годишно.

Кој е спремен да плати?

Според информациите од Шпанија, фаворит е Манчестер Сити кој во тој случај би бил спремен да го задржи Гвардиола и да му понуди договор на Меси сличен на оној во Барселона.

Друга реална опција е ПСЖ, а останатите се Манчестер Јунајтед, Јувентус и Интер.

Но, последните три клуба можат тешко да парираат, дури и со посебни спонзорски договори, едноставно немаат место во буџетот за вакви потези.

Што е планот Б на Барса. Враќање на Нејмар на местото на Меси, но и купување на Лаутаро Мартинез со што би завршила ерата на Меси, но и на Суарез.