Меси сака да се збогува со Барселона на вистински начин!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата Лионел Меси кажа дека сака да одигра збогувачки натпревар со Барселона.

Меси играше за каталонскиот гигант од 2004 до 2021 година, а вкупно постигна 672 гола и 303 асистенции.

„Би сакал да можам да се збогувам со луѓето на вистински начин. Кога заминав, имав чудно чувство. Не е воопшто добро. Јас заслужувам шанса да се збогувам. Барселона е мојот дом и го сакам овој клуб“, вели Меси.

Аргентинецот пред неколку дена се закити со осмата „Златна топка“ во кариерата.