Меси: Сакав да се вратам во Барселона, сонував за тоа, но...

Интер Мајами потврди дека го ангажира аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, кој доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.

Аргентинецот на прес-конференцијата кажа дека сакал да се врати во Барселона, но каталонскиот тим не успеа да го среди финансиските проблеми и да потпише договор со Меси.

„Сакав да се вратам во Барселона, сонував за тоа. Но, по тоа што се случи пред две години, не сакав да бидам во иста ситуација повторно и да ја оставам иднината во рацете на некој друг“, кажа Меси.