Меси урна уште еден рекорд на Роналдо во ЛШ (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси урна уште еден рекорд на неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо по број на постигнати голови надвор од казнениот простор во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПСЖ синоќа славеше со 7-2 против Макаби Хаифа во петтото коло од групата Х во ЛШ, а Меси постигна два гола, и тоа во 19. и во 44. минута.

Меси вториот гол го постигна надвор од шеснаесетникот на гостите, а тоа беше негов 23. гол кој го дал од таа зона, па така го надмина Роналдо кој има постигнато еден помалку.

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 140 голови, додека Меси стигна до 129. погодоци во елитата.