Меси влезе во војна со навивачите на ПСЖ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рен вчера направи сензација и славеше против ПСЖ со 2-0 во француската Лига 1, а навивачите на гигантот покажаа незадоволство од настапите на Лионел Меси.

Како што најавија пред неколку дена, навивачите решија да го исвиркуваат Меси поради тоа што ПСЖ не игра подобро со него во екипата.

Навивачите, исто така, не му дадоа аплауз на Меси пред почетокот на натпреварот, а Аргентинецот по последниот судиски свиреж реши да замине директно во соблекувалната и да не ги поздрави фановите.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и засега не е познато дали ќе го продолжи, иако имаше шпекулации дека почнале преговори меѓу двете страни.