Метла во Реал?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ел Конфиденсијал најавува големи промени во ова лето, тешко е да се верува. Кој може да добие карта во еден правец, а што планира Флорентино Перез кога е во прашање засилувањата?

Ова може да биде бомба, но тешко е да се поверува дека Перез може толку да ги промени работите.

Имено, како што тврди овој медиум „доверливи“  (што и самиот назив кажува) информацијата зборува дека Реал ќе доживее големи промени во ова лето.

На продажба се играчи кои не се во прв план кај Зидан, како Иско, но и Хамес Родригез, додека во случај Мората да остане, Хесе може да оди некаде на позајмица, а слично може да се случи и со Лукас Васкез.

Најголема „бомба“ според тврдењата на “Ел Конфиденсијал“ може да биде продажбата на Рафаел Варан.

Во Реал наводно се сити од неговите повреди, гледаат кон Манчестер, некоја непристојна понуда да речеме од 50 милиони + може да ги натера да го продадат Французинот кој го пропушти ЕВРО 2016.

Колку е ова реално?

Варан тешко ќе се продаде, нема замена, Пепе е се поблиску до крај на кариерата, Рамос влегува во последната фаза. Што се однесува до останатите, Колумбиецот е платен 80 милиони евра, не постои ниту еден клуб кој сега за не го ќе понуди и приближно таква сума.

Иско може да замине, но само во случај да биде најдена замена.

Погба повеќе не е прв план, нема договор околу неговите примања, а и Реал не е баш расположен да плати 120 милиони евра.

Зидан го сака Канте од Лестер, ни Французинот нема ништо против, клаузулата е само 25 милиони евра и тој веројатно ќе стигне во Мадрид.

Останатото е сеуште во магла, се чека прајот на ЕП, Перез има обичај да купи фудбалер кој се истакнува, да биде најдобар на големи натпреварувања, тој „хајп“ донесува пари и секогаш се исплаќа.

Поради тоа во прашање се само шпекулации, сеуште не постои јасен план, но се знае од порано дека Мерегенсите бараат стопер, алтернатива за Марсело, како и веројатно еден играч за врска.
Што се однесува до продажба, цената на Иско може да биде околу 40 милиони евра и најверојатно овој играч може да биде жртвуван, поготово ако клубот не го препродаде Мората кој се врати од Јувентус.