„Метла“ за Индијана: Бостон е прв финалист во НБА-лигата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Бостон селтикс се пласираа во финалето на плејофот во НБА-лигата, откако во четвртиот меч од финалето на Источната конференција беа подобри од Индијана со 105-102.

Индијана на три минути пред крајот имаше предност од четири поени (102-98), меѓутоа Бостон влезе во серија од 7-0 и ја запиша четвртата победа во меѓусебните дуели.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Браун со 29 поени и шест скокови, додека Џејсон Тејтум постигна 26 поени, 13 скокови и осум асистенции.

Најдобар кај Индијана беше Ендрју Нембард со 24 поени и 10 асистенции, додека Паскал Сиакам запиша 19 поени и 10 скокови.