„Ми беше преку глава, тоа беа тешки времиња и сакав да заминам од Барселона“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси даде интервју за „РАЦ1“, кадешто зборуваше за многу теми, но откри дека размислувал да ја напушти Каталонија.

Пред неколку години англиските медиуми објавија дека Манчестер сити ќе тргне по потписот на Аргентинецот, а притоа е подготвена да даде големо богатство за него.

Сепак, аргентинскиот напаѓач откри дека во 2013/2014 кога беше обвинет за затајување данок, решил да ја напушти Барселона, зашто тоа биле тешки времиња за него.

„Во сезоната 2013/14 имав многу проблеми. Бев повреден, а притоа имав проблем и со данокот, па тоа беа тешки времиња за мене. Ми беше преку глава од тоа што се случува и сакав да го напуштам клубот“, открива Меси.

Сепак, Меси во моментов планира да се пензионира во Барселона, зашто има голем статус во клубот.