„Ми кажа дека сака да игра за Барселона, а јас прашав дали ќе преговара со стечајниот управник“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Давид Алаба на крајот на минатата сезона реши да го напушти Баер Минхен и кариерата ја продолжи во Реал Мадрид.

Австриецот имаше неколку добри понуди, но претходно постигна договор со Реал Мадрид и беше јасно дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на „кралевите“.

Меѓутоа, интересна беше изјавата на поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, кој зборуваше за заминувањето на Алаба од клубот и откри дека неговиот план бил да потпише за Барселона.

„Алаба ми кажа дека сака да игра за Барселона, а јас потоа го прашав дали ќе разговара со нивниот претседател или со стечајниот управник затоа што знаевме во какви проблеми се наоѓаат тие“, вели Хенес.