Мидо призна дека за малку ќе го убиел Златан Ибрахимовиќ по еден инцидент во соблекувалните


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јавноста е запознаена дека Ахмед Мидо и Златан Ибрахимовиќ уште во 2003 година додека го носеле дресот на Ајакс имале жестока пресметка.

Во соблекувалната на клубот по поразот од ПСВ, Ахмед Мидо беснеел на своите соиграчи во соблекувалните, а меѓу нив бил и Ибрахимовиќ.

Златан е познат по неговиот пргав темперамент, па му возвратил на египетскиот фудбалер по што овој фрлил со ножици по него. За среќа, ножиците не го погодиле туку му поминале покрај главата и се забиле во ѕидот.

– Десет минути по инцидентот заминав на туширање, а Златан беше во џакузито. Се погледнавме и прснавме од смеење. Му реков дека можев да го убијам со ножиците, а тој низ насмевка ми кажа дека знае за тоа, -изјави Мидо.