Михајловски: Долговите се на бившиот сопственик, одлуката не е конечна, ќе одиме на суд со ЕХФ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар би можел да остане без настап во Лигата на шампиони (ЛШ) на ЕХФ, како што објави порталот за ракомет „Балкан-хендбол“.

Причината за тоа е финансиската состојба и долговите кон дел од поранешните ракометари, по што првиот човек на клубот, Михајло Михајловски за „Слободен печат“ кажа дека одлуката не е конечна и реши дека ќе има и судска разврска доколку е потребно.

„Јас сум во Келн. Извршниот комитет на ЕХФ во петокот донел ваков предлог-заклучок, а јас ќе разговарам со господинот Михаел Видерер. Овој предлог-заклучок е поради долговите на претходното раководство, а одлуката сè уште не е конечна. Ако има потреба ќе одиме и на суд“, кажа Михајловски за „Слободен печат“.