Микел Артета е новиот менаџер на Арсенал!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанецот Микел Артета е новиот менаџер на Арсенал, тврди британскиот весник Мирор.

Овој 37-годишен стручњак ги договорил сите услови околу превземањето на лондонскиот тим и самостојна менаџерска кариера ќе ја почне на клупата на тимот за кого некогаш играше.

Артета со Арсенал ќе потпише договор на три и пол години, а официјална потврда околу неговиот ангажман би требало да пристигне многу брзо, односно веднаш после мечот помеѓу Сити и Оксфорд, каде што за последен пат ќе седи до Пеп Гвардиола како негов помошник.

Микел Артета дел од фудбалската кариера ја помина во Арсенал. Дресот на Топџиите го носеше од 2011. до 2016. година, кога одлучи да ја заврши својата кариера.

Веднаш после завршувањето на играчката кариера му се придружи на Пеп Гвардиола како асистент во Манчестер Сити.

Повикот од својот некогашен тим за започнување на самостојна кариера не можеше да го одбие и ќе видеме дали баш тој ќе ги разбуди Топџиите од „длабокиот“ сон.