Микел Артета најде нов стопер, но ја одреди цената за Обамејанг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е подготвен да донесе нов стопер во следниот преоден рок.

Сепак, неговиот избор е прилично чуден, со оглед дека се работи за играчот на Рома, Крис Смилинг.

Во Арсенал се надеваат дека Рома нема да се избори за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, со цел да биде во подобра позиција да го донесе овој играч.

Освен него, неколку други играчи се поврзуваат со Арсенал, но цената за заминување на Обамејанг, наводно, е поставена.

Барселона е главен кандидат за доведување напаѓачот од Лондон, а доколку го сакаат во својот тим ќе треба да платат 50 милиони евра за него.

Останува да се види дали овие изјави за странски медиуми ќе испаднат како точни, и дали капитенот на Арсенал ќе замине во Барселона.