Милан ќе доведе уште еден играч, Аморим гледа кон Енфилд


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Милан сака уште повеќе да се засили во финишот на трансфер периодот и да му ги исполни сите желби на тренерот Рабен Аморим, па тргна по играчот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот.

Италијанскиот гигант е подготвен на „црвените“ да им понуди сума помеѓу 20 и 25 милиони евра, со која би ги отпочнал преговорите за доведување на Елиот, кој минатата сезона беше на позајмица во Астон Вила.

Се очекува Ливерпул да бара 35 милиони евра, а англиските медиуми известуваат дека на Енфилд се подготвени за преговори и се блиску да се откажат од 23-годишникот ако се договори.