Милан блиску до трансфер на одличен дефанзивец од Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека на големо се зборува за засилувањата на богатите англиски премиерлигаши,  малку се запоставени светските гиганти кои поминуваат низ многу тежок пат кон опоравување.

Прв таков клуб е нормално италијанскиот гигант Милан, клуб кој ќе проба на старите стази на слава да се врати со помош на новиот тренер Винченцо Монтела.

Монтела доби едно големо засилување во вид на гол – машината Џанлука Лападула, а другото може да стигне од, ни помалку, ни повеќе, туку Барселона.

Се работи за одличниот дефанзивец Томас Вермален кој е на излезните врати од Ноу Камп, но за Милан многу добро ќе дојде. Белгиецот игра одличен фудбал веќе со години, а италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во сериозна фаза за негов трансфер.

Пред Барселона, клучна улога играше и во лондонски Арсенал.