Милан чека вистински момент за напад: Неизвесната иднина на Асенсио во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марко Асенсио не ја почна сезоната 2021/22 како што очекуваше. Шпанецот не беше стартер на ниту еден од првите шест дуели кои беа одиграни, па на теренот помина само 68 минути.

Асенсио има договор до 2023 година, а засега неговата иднина во „кралскиот клуб“ е неизвесна. Тој одигра 11 минути против Селта виго, па една минута против Интер и ниту една против Валенсија.

Проблем за Шпанецот е тоа што пред него во изборот се Карим Бензема, Еден Азар, Винисиус Жуниор, Герет Бејл, Родриго и Лукас Васкез, па мора да ја победи конкуренција.

„Марка“ пишува дека Милан будно ја следи ситуацијата во Мадрид, па би можел да тргне по потписот на шпанскиот фудбалер, кој сепак сака да остане во Реал, но само доколку се промени нешто.