Милан добива уште две засилувања – Србин и Хрват?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан е блиску до враќање во Лигата на шампиони по долго отсуство од елитното натпреварување поради што се подготвуваат за летни трансфери.

Италијанските медиуми објавија дека во соблекувалната на „росонерите“ наскоро би можеле да пристигнат уште двајца играчи, а станува збор за Душан Влаховиќ и Никола Влашиќ.

Влашиќ игра одлично во дресот на ЦСКА и тој е најдобар во првенството на Русија, а вреди 30 милиони евра.

Влаховиќ игра фантастично во дресот на Фиорентина, а сезонава постигна 12 голови во Серија А и тој би чинел најмалку 40 милиони евра.