Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со своја изјава ги засили шпекулациите околу можниот трансфер од Милан во текот на летниот преоден рок.
Напаѓачот неодамна најави дека е подготвен за нов предизвик во кариерата, а како најпосакувана дестинација ја посочи англиската Премиер лига.
Во разговор со медиумите, Леао откри дека посебни симпатии има кон два англиски гиганти.
„Манчестер јунајтед отсекогаш ми бил интересен клуб бидејќи мојот фудбалски идол е Кристијано Роналдо. Исто така, ми се допаѓа и Арсенал“, изјави португалскиот репрезентативец.
















