Милан е во напредни преговори со Гундоган


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Илкај Гундоган планира да замине од Манчестер сити на крајот на сезоната, а во изминатиот период најмногу се поврзуваше со Барселона, но сега во трката за неговиот потпис се вклучил и Милан.

„Кориере дело Спорт“ објави дека Милан е во напредни преговори со германскиот фудбалер и планира во следниот период да потпише договор.

Италијанскиот новинар Фабио Мандарини објави дека Германецот најверојатно ќе ја прифати понудата од Милано, но конечната одлука се очекува по завршувањето на финалето во Лигата на шампиони (ЛШ).