Милан го чува бекот, одбиена на понудата од Наполи


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Извршниот директор на фудбалскиот клуб Милан Адријано Галијани рече денеска дека тој клуб одби понуда од Наполи за нивниот дефанзивец.

Матија Де Шиљо судејќи по се ќе остане во редовите на Росонерите, бидејќи клубот одби понуда од вицешампионот на Италија за неговите услуги.

„Добивме понуда од Наполи од мојот пријател Аурелио де Лаурентис. Но, таа понуда брзо ја одбивме“, рече Галијани за италијанските медиуми.

Италијанските медиуми шпекулураа дека Де Шиљо може да го напушти Милан, а дека за него, меѓу останатите, заинтересиран е и Јувентус.

Галијани демантираше и додаде дека Де Шиљо е задоволен во Милан.

„Ниеден друг клуб не испрати понуда за Де Шиљо. Јувентус никогаш не испрати понуда. Тој никогаш не побара да замине, среќен е во Милан“, рече Галијани.

Де Шиљо има договор со Милан до јуни 2018 година.