Милан го испрати Мастур на нова позајмица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во минатата сезона не се наигра во шпанската Примера, ќе видиме дали ќе има повеќе среќа во холандската Ередивизија.

Цволе денеска го престави Хачим Мастур, кој во наредната сезона ќе настапува за овој клуб како позајмен играч од Милан.

„Росонерите го испратија младиот Мароканец на калење, неговото заминување во Холандија делува како добар потег бидејќи во Ередивизија се игра многу офанзивен фудбал.

„Со доаѓањето на Хачим добивме многу талентирани играчи за кого сме сигурни дека ќе ја направиме целата екипа подобра. Податокот дека веќе со 15 години беше во конкуренција за првиот тим на Милан доволно зборува за каков бисер се работи. Убедени сме дека ќе заблеска“, рече спортскиот директор на Цволе Герард Нијкамп.

18-годишниот офанзивен играч за врска во минатата сезона помина на позајмица во Малага, но не доби вистинска шанса на Росаледа за што сведочи само еден настап во Примера.

Иако играше за репрезентацијата на Италија на возраст до 16 години, го прифати повикот на Мароко да игра за оваа северноафриканска земја и во минатата година дебитираше.