Милан како во старите добри денови: Хет-трик на Ребиќ и седум гола за Торино 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан славеше со убедливи 7-0 против Торино во 36. коло од италијанската Серија А и ја продолжи битката за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Прв во листата на стрелци за Милан се запиша Тео Ернандез во 19. минута од мечот, по што Франк Кеси стрелаше за 2-0 во првото полувреме.

Во вториот дел Милан продолжи со доминацијата во Торино и преку Брахим Диаз зголеми на 3-0, а потоа во листата на стрелци повторно се запиша Ернандез (4-0), додека петтиот гол на мечот го постигна Анте Ребиќ.

Милан тука не запре, па набрзо Ребиќ доби асистенција од Рафаел Леао, која ја претвори во шести гол за „росонерите“ (6-0), а набрзо го комплетираше хет-трикот со погодок за 7-0.