Милан му понуди нов договор на Ибра: Ќе остане ли Швеѓанецот на „Сан Сиро“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ останува без договор со Милан, но како што стојат работите, тој ќе остане на „Сан Сиро“.

Ибра пристигна на почетокот на годинава како слободен фудбалер, а со Милан потпиша договор до крајот на летото и многумна сметаа дека е премногу стар за да игра во Серија А.

Иако има 38 години, Ибра покажа дека уште има што да понуди на теренот, па одигра 20 меча и постигна 11 голови и пет асистенции.

„Калчомеркато“ објави дека „росонерите“ официјално му понудиле нов договор, кој би требало Ибра да го потпише во следните денови.

Според новиот договор напаѓачот треба да остане уште една година, а притоа ќе добие плата од седум милиони евра.