Милан остана без двајца важни фудбалери поради ковид-19!

Неочекувани проблеми се појавија во таборот на Милан во текот на минатата ноќ. „Росонерите“ за гостувањето против Каљари и уште неколку натпревари останаа без двајца важни фудбалери, Тео Ернандез и Хакан Чаланоглу.

Ернандез и Чаланоглу се позитивни на вирусот и ќе ги пропуштат следните неколку натпревари на лидерот во Серија А.

Ова е лоша вест за Стефано Пиоли со оглед на тоа дека Французинот и Турчинот беа главни во досегашниот дел од сезоната.

И двајцата се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми, па ќе бидат во карантин во следните неколку денови.