Милан подготвил трансфер-бомба од Манчестер сити!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Милан во завршницата на преодниот рок се обидува да ангажира уште едно големо засилување.

„Росонерите“ беа активни ова лето, но се верува дека во самата завршница ќе ангажираат уште два нови играчи.

Навивачите се задоволни што стигна Алесандро Флоренци, а претходно пристигнаа и Оливие Жиру и голманот Мајк Мањан.

Меѓутоа, сега се очекува трансфер-бомба во Милано бидејќи тимот сака да го ангажира Бернардо Силва, кој е отпишан во Манчестер сити поради големата конкуренција.

Милан има проблеми со финансиите, па ќе се обиде да го ангажира Португалецот на двегодишна позајмица за 15 милиони фунти, како и да плати дополнителни 30 милиони по завршување на позајмицата.