Милан Ристовски се сели во Германија!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Милан Ристовски наскоро би можел да ја напушти Спартак Трнава и да се пресели во Германија.

Германските медиуми пишуваат дека Ханза Рошток е заинтересирана за услугите на Ристовски, а тоа го потврдил и спортскиот директор на екипата, Кристијан Волтер.

Преговорите меѓу Спартак Трнава и Ханза Рошток биле почнати, па наскоро се очекуваат повеќе детали од нив.

Ристовски досега настапи на 106 натпревари за Спартак Трнава, а притоа постигна 38 голови и осум асистенции.