Милан се огласи, Монтела е нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што е и најавено, Винченцо Монтела потпиша договор со Милан.

Винченцо Монтела е нов тренер на Милан.

Ова е објавено на официјалниот сајт на тој тим, потпишан е договор на две години, управата на клубот по официјален пат му  посака и добредојде во еден од најславните клубови на светот.

Монтела во текот на денот ја прифати понудата на Милан, вечерва се се официјализира, па така од сезоната 2016/17 Милан ќе има нов тренер.
Росонерите ќе уплатат на Сампдориоја 1.1 милион евра на име отпусна клаузула колку што е договорено кога Монтела потпишуваше договор.

Во својата тренерска кариера ги предводеше Катанија, Фиорентина и Сампдорија.