Милан: Се откажавме од Суперлигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од тимовите кои потпишаа договор за создавање на Суперлига, Милан објави дека се повлекува од натпреварувањето.

Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотнем објавија дека ќе создадат Суперлига, но нивниот сон не траеше долго.

Само два дена подоцна под голем притисок на светската јавност и нивните навивачи, сите англиски клубови се повлекоа од Суперлигата, а тоа го направија и Атлетико, Интер и сега Милан, кој со официјално соопштение потврди дека не е повеќе дел од новото натпреварување.