Милан соопшти колку време ќе остане без Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е најдобар стрелец во Серија А, а вчера со два гола му донесе триумф на Милан од 3-1 против Наполи. Сепак, тој се повреди во 79. минута поради што мораше да го напушти теренот.

Швеѓанецот се фати за бутниот мускул и ги исплаши навивачите на Милан, а денеска беше објавена информација за тоа колку е сериозна повредата на Ибрахимовиќ.

„Магнетната резонанца потврди дека се работи за повреда на тетивата на бутниот нускул на левата нога и поради тоа Златан ќе мора да паузира најмалку десет дена, тогаш ќе биде направена нова контрола“, соопштија од Милан.