Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доаѓањето на Паоло Малдини зависи од заминувањето на Адријано Галијани, со оглед дека тие двајца не се во добри односи.
После вестите за конечното продавање на Милан на кинеските инвеститори, стигнуваат и нови информации кои ќе ги израдуваат сите навивачи на екипата од Сан Сиро.
Како што пишува Газета дело Спорт, Паоло Малдини, Алесандро Костакурта и Деметрио Албертини речиси сигурно се враќаат меѓу Росонерите, но во нови улоги.
Новите сопственици од компанијата Сино Јуроп планираат да ги потполнат местата на генерален директор, спортски директор и клупски амбасадор.
За последното место главен кандидат е Малдини, чие враќање зависи од заминувањето на потпретседателот Адријано Галијани, поради тоа што е познато дека тие двајца не се во добри односи.
Малдини зборуваше за Галијани дека е одличен директор, но дека не ја разбира суштината на фудбалот.
Во план е популарниот Ќелавко во септември да го завземе местото претседател на Серија А, поради тоа што постојат минимални шанси да биде виден во фотељата на некој друг клуб.
Главен кандидат во борбата за претседателското место ќе му биде актуелниот претседател Маурицио Берета, а доколку тој план пропадне, ќе продолжи да работи во фирмата која ја држи Силвио Берлускони.
Потегот на новата управа го поздрави и некогашниот тренер на Милан Ариго Саки.
„Би било одлично да се вратат тие тројца. Најважно од се е да се воспостави јасен концепт и идеи за иднина и да се раскинат сите врски со минатото.
Албертини работеше како потпретседател додека работев како потпретседател додека јас ја водев младата италијанска репрезентација. Поседува огромно искуство за директорска функција.
Малдини докажа дека е човек на место. Никогаш не градеше своја кариера на опортунизам, веќе на моралност.
Погледнете само во какви односи е со навивачите. Нормално, не е искусен како Алберти, но е интелигентен, како и Костакурта. Би сакал да видам Италијани на чело на Милан. Тие можат да го вратат клубот на старата стаза. Кинеските сопственици ќе мораат да веруваат на тие кои знаат најдобро, а тоа се секако тие тројца. Многу е важна средината во која луѓето во клубот работат“, порача Саки.