Миланските ривали потрошија 220 милиони купувајќи играчи од еден клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересен податок поврзан со италианскиот прволигаш Џенова привлече внимание на спортските статистичари.

Трансфер лигата на клубот од 2008 година Џенова заработи повеќе од 220 милиони евра од продажбата на играчи на миланскиот двоец, Интер и Милан.

Во минатиот викенд за 6 милиони евра во Милано отиде уште еден во низата играчи на Џенова, Кристијан Ансалди потпиша за Интер.

Со тоа заработката на Џенова на Милан и Интер порасна на 223 милиони евра.

Меѓу играчи кои во последните осум години се преселија малку посеверно на апенинскиот полуостров имаше секакви промашувања, како што и доликува на миланските гиганти во последните години, но иамше и вистински погодоци.

Некои од погодоците секако се Диего Милито и Тиаго Мота кои во 2010 година во Интер беа меѓу најзаслужните за освојување на тројната круна. Во истиот период, или нешто подоцна, ги паметиме Милановите бисери Кевин Принц Боатенг и Стефан Ел Шарави.

Меѓу разочарувањата, кои не ги оправдаа своите цени, се Сократис Папастапопулс, Нмади Одумади, Стефан Симиќ и други од Милкан, а Емилијано Вивиано, Самуел Лонг и други од Интер.