Милер по 23 години си заминува од Баерн Минхен

Германските медиуми пишуваат дека искусниот напаѓач Томас Милер од следната сезона нема повеќе да го носи дресот на актуелниот освојувач на Бундеслигата.

Легендарниот фудбалер на баварскиот тим е пред излезна врата од Минхен со оглед на тоа дека добива мала минутажа.

Милер беше обвинет дека е еден од фудбалерите кои го кренале бунтот против тренерот Нико Ковач, а потоа и против Јулијан Нагелсман.

Искусниот напаѓач за екипата од Минхен во кариерата одигра 663 натпревари, постигна 234 голови и 255 асистенции, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Борусија Дортмунд.