Милевски: Дуелот со С. Арабија ќе биде одличен за да го видиме квалитетот на фудбалерите од Првата лига!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија на 22 октомври ќе игра пријателски меч против Саудиска Арабија, а селекторот Благоја Милевски кажа дека ова е одличен натпревар за да се покажат фудбалерите од домашниот шампионат.

Милевски сакал да повика уште неколку фудбалери, но не добил дозвола затоа што дуелот е надвор од ФИФА термин.

„Ни претстои интересен и силен контролен меч против Саудиска Арабија. Ова е одлична можност за повиканите фудбалери да го покажат својот квалитет. А ние како стручен штаб ќе имаме шанса да го видиме потенцијалот на фудаблерите кои се од нашата лига“, вели Милевски.