Милевски: Ерменија е квалитетна екипа, тоа го покажува и местото во групата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски ја одржа прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Ерменија.

Милевски истакна дека Ерменија е квалитетна репрезентација, но е задоволен од она што го видел кај фудбалерите во изминатиот краток период на подготовки.

„Не сакам да трошам зборови што би се променило. Сакам да испратам благодарност до фудбалерите кои сега не се во репрезентацијата. Животот оди понатаму, неминовно е освежување на тимот, тоа само по себе носи и одредени промени во тимот. До сега репрезентацијата според мене се заосноваше на индивидуалните квалитети на одредени играчи, сега ќе се сконцентрираме како подобро да функционираме како тим. Подлога на сето тоа е функционирањето надвор од теренот. Она што го видов кај момците овие два дена беше повеќе позитивно од она што го очекував. Иако немавме време да пренесеме се што би барале од секој поединец за овој циклус. Тоа е што е, тие се професионалци и добри карактери, а тоа ќе помогне да се адаптираат на промените и како се да функционира на крајот. Местото во групата доволно зборовува дека се работи ва квалитетен тим, така и функционираат на самиот терен. На последните натпревари покажаа дека се силна репрезентација, добија три натпревари во квалификациите, одиграа два одлични подготвителни натпревари со Шведска и Хрватска“, изјави селекторот.