Милевски: Грузија има одличен тим, но и Македонија ќе се прашува за резултатот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Македонија, Благоја Милевски кажа дека нема голем притисок пред мечот против Грузија во Скопје.

Милевски смета дека нема никаква поврзаност со претходните дуели кои ги одигра Македонија со Грузија, при што славеше еднаш и двапати ремизираше.

„Грузија е одлична репрезентација. Во Бугарија одиграа одличен меч, но и Македонија се прашува за резултатот. Секој дуел е различен и посебна приказна, па така и овој наш натпревар со Грузија. Секој меч е нов предизвик, а што е зад нас останува во историјата. Има разлика од играта на Грузија со сегашниот селектор, но сепак не сме под голем притисок“, кажа Милевски.

ФОТО: ФФМ