Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус ја победија Фиорентија со 2:1 во дуелот од првото коло на Серија А.
Актуелниот шампион на Италија сосема заслужено стигна до трите бода, кои им ги донесе Аргентинецот Гонзало Игуаин.
Старата дама добро го отвори мечот. Беа подобар ривал, а во 37 минута од дуелот и поведоа.
Мрежате на гостите од Фиорентина ја зачна Сами Кедира за предност од 1:0 после првото полувреме.
Фиорентина во 70 минута доаѓа до израмнување. Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ го матираше Буфон за израмнување на 1:1. Сепак, само пет минути подоцна Бјанконерите доаѓаат до победа. Само девет минути по влегувањето во игра Гонзало Игуаин погоди за победа на Јувентус од 2:1.
Во првиот меч од денешната програма Рома славеше победа над Удинезе со 4:0. Стрелци на головите беа Пероти на два пати, Џеко и Салах.