Милвоки со 47 поени разлика ја декласираше Оклахома (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатата ноќ имаше многу возбудувања во НБА-лигата, а најубедлива победа запиша Милвоки бакс, кои со 47 поени разлика (133-86) го декласираа тимот на Оклахома.

Милвоки на домашен паркет ја чуваа предноста во текот на целиот натпревар, иако Оклахома во првото полувреме успеа да одржи мала негатива.

Сепак, Милвоки го реши мечот во третата четвртина, кога нивната предност порасна и до 51 поен во еден момент, а на крајот триумфираа со 133-86.

Јанис Антетокумпо беше најефикасен со 32 поени и 13 скокови, а кај гостите најмногу се покажа Крис Пол со 18 поени.

Резултати:

Орландо – Минесота 136-125
Атланта – Бруклин 141-118
Торонто – Шарлот 96-99
Мемфис – Сакраменто 101-104
Мајами – Далас 126-118
Њу Орлеанс – Кливленд 116-104
Феникс – Детроит 111-113
Јута – Вашингтон 129-119
Лос Анџелес Клиперс – Денвер 132-103