Мињоле после шест години го напушти Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Ливерпул Симон Мињолет се врати во својата родна земја.

Некогашниот прв голман на Редсите од доаѓањето на Алисон не бранеше премногу и прилика добиваше само во куп и пријателски натпревари.

После шест години на Енфилд тој премина во Клуб Бриж за цифра од 6.5 милиони фунти.

Овој 31-годишник минатата сезона бранеше вкупно два пати, а последниот пат во дресот на Ливерпул беше на мечот од Community Shield, каде што неговиот тим беше поразен.

Според пишувањата на британските медиуми во текот на припремните мечеви Мињолет побарал од Клоп да го продаде, за да биде прв голман во некој тим. Германскиот тренер на почетокот таа идеја ја одбил, но после тоа го променил мислењето.

После вчерашниот меч Мињолет одлета во Белгија каде што го формализираше договорот, а Ливерпул до крај на преодниот рок ќе бара резервен голман.