Миовски: Грузија има квалитет, ама ние одиме на триумф!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалери ќе гостуваат кај Грузија во Тбилиси во претпоследниот дуел од Лигата на нации, а избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат да го поправат впечатокот по поразот на домашен терен.

Напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски игра во одлична форма и најави дека ќе даде сè од себе заедно со колегите за да слават против Грузија.

„Грузија има голем напредок во последните години, а тоа го покажаа и во Скопје. Сепак, мислам дека ако дадевме ние гол во првото полувреме, сè ќе беше поразлично во вториот дел. Ни недостигаат важни фудбалери, но ќе оставиме срце на теренот“, вели Миовски.

Мечот меѓу Грузија и Македонија се игра в петок од 18 часот.