Миовски: Од дете навивам за Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Бојан Миовски постигна гол во победата против Фарски Острови, а претходно асистираше во триумфот против Малта, па така потврди дека се наоѓа во одлична форма.

Неколку екипи се заинтересирани за потписот на Миовски, кој во разговор со шкотските медиуми кажа дека Реал Мадрид му е омилен тим, а во Англија навива за Манчестер јунајтед.

„Сакам да му помогнам на Абердин да ги оствари целите оваа сезона и само така можам да им вратам на луѓето во клубот кои имаа доверба и ми дадоа шанса да играм во Шкотска. Не кријам, моја желба е да играм во тим од топ 5 првенства, секој сонува за Премиер лигата, па не сум исклучок ниту јас. Од дете навивам за Реал Мадрид, додека кога станува збор за Премиер лигата, таму омилен тим ми е Манчестер Јунајтед“, кажа Миовски.