„Мирчевски е гладен за голови, ќе добие шанса и во Лига Европа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски вчера постигна гол за ТСЦ Бачка Топола, па веднаш доби пофални зборови од тренерот Жарко Лазетиќ.

Лазетиќ вели дека Мирчевски е важен играч на тимот и ќе биде регистриран за групната фаза во Лига Европа.

„Јас на полувреме им кажав на момците да не бидат нервозни. Во второто полувреме го постигнавме голот кој го посакувавме. Мирчевски е гладен за голови, многу ќе ни значи неговото присуство во продолжение од сезоната. Ќе биде регистриран и за Лига Европа“, кажа Лазетиќ.

Мирчевски во минатата сезона постигна седум гола за ТСЦ.